Еурофарм Пелистер не успеа да ја прекине серијата порази од почетокот на сезоната во ракометната Лига на шампионите. Македонскиот првак загуби во Унгарија од Пик Сегед со 34-26 (18-19) за седми пораз во рамките од групата A.
Во првиот дел ракометарите на Еурофарм Пелистер дадоа дури 19 голови, а во второто полувреме само седум. Еурофарм Пелистер одлично го почна мечот, постојано водеше во првото полувреме кое го доби со 19-18, но работите драстично се променија во вториот дел. Следуваше црна дупка на битолчани, ПИК Сегед направи серија од 7-0, дојде до убедливо водство кое го одржуваше до самиот крај за конечна победа од 34-26.
Најефикасни во составот на Пелистер беа Атанасијевиќ и Радивојевиќ со по четири гола, незадржлив кај ПИК Сегед беше Шоштариќ со девет погодоци.
Ракомет
Лига на шампионите 2023/24
А група – седмо коло
ПИК Сегед – Еурофарм Пелистер 34-26 (18-19)
„ПИК Арена“ – Сегед
Гледачи: 3.000
Судии: Игор и Алексеј Ковалчиус
ПИК Сегед:
Миклер, Имсгард, Шоштариќ 9, Габер 5, Гарсиандија 5, Мартинс 4, Јелиниќ 4, Сита 3, Бомбач 2, Степанчиќ 1, Мацковчек 1, Бодо, Фридел, Молина, Фекете, Силаџи
Седмерци: 5/4
Исклучувања: 8 минути
Еурофарм Пелистер:
Лесјак, Кизиќ, Васиљев 5, Радивојевиќ 4, Цехте 3, Пет. Атанасијевиќ 3, Пешевски 3, Тајник 2, Кисум 2, Борзаш 2, Танкоски 1, Костески, Нилсен, Петровиќ, Пав. Атанасијевиќ 1, Стевановиќ
Седмерци: 2/2
Исклучувања: 10 минути
Двете екипи ќе се сретнат во Битола следната среда од 18:45 часот.