По двонеделна пауза и ЕХФ-неделата, на сцена се враќаат натпреварите од групната фаза на Лигата на шампионите. Неделата на сцена се натпреварите од седмото коло. Европската ракометна федерација ги објави официјалните лица за дуелот меѓу ,акедонскиот првак Еурофарм Пелистер и унгарски ПИК Сегед.
Судии на овој натпревар ќе бидат браќата близнаци од Молдавија, Игор и Алексеј Ковалчук, додека делегат ќе биде Предраг Павичевиќ од Црна Гора.
Натпреварот меѓу ПИК Сегед и Еурофарм Пелистер ќе се игра во „ПИК Арена“ во Сегед в четврток од 18:45 часот.