Со подобро одиграно второ полувреме ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 дојдоа до победа од 26-33 на гостувањето против Скопје во деветтото коло од групата А во Суперлигата на Македонија. Првото полувреме мина во максимално израмнет ракомет, на крај добивајќи го гостите со само еден гол разлика, 13-14.
Најефикасен во победничкиот табор беше Стефан Талевски со седум гола, додека кај Скопје 2020 најрасположен за игра беше Марио Мишевски, кој запиша еден гол повеќе.
Ракомет
Супелрига 2023/24
Група А – Деветто коло
Скопје 2020 - Еурофарм Пелистер 2 26-33 (13-14)
Мала сала на СЦ „Јане Сандански“ – Скопје
Гледачи: 200
Судии: Виктор Андонов и Стојанче Јовановски
Скопје 2020:
Стојкоски, Фидановски, Мишевски 8, Чакалиќ, Тркалевски, Јакимовски 2, Шокоски 4, Митиќ 5, Ристовски, Стојкоски, Фичорскки, Грујовски 2, С. Стојановски 5, Ристевски, Рангелов, К. Стојановски
Седмерци: 10/6
Исклучувања: 10 минути
Еурофарм Пелистер 2:
Штаковски, Младенов, Печурица, Талевски 7, Митревски 6, Мирчески 3, Блажевски, Трпчевски 2, Димитровски, Калајџиовски 1, Ивановски 1, Белистојановски 4, Југовски 1, Мијушковиќ 6, Хоџиќ 2
Седмерци: 12/9
Исклучувања: 12 минути
Во следното десетто коло Еурофарм Пелистер 2 го пречекува Алкалоид во Битола.