Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров го објави списокот на повикани ракометари за собир на претстојната ЕХФ недела. Во рамки на ЕХФ неделата, сениорската селекција на Македонија ќе одигра подготвителни натпревари со репрзентацијата на Грција. Од тимот на Еурофарм Пелистер повикани се: Марко Кизиќ, Емилијан Ѓорговски, Петар Атанасијевиќ, Цветан Кузманоски, Ненад и Жарко Пешевски. На листата на резерви се наоѓа Павле Атанасијевиќ од Еурофарм Пелистер и Мирче Калајџиески од Еурофарм Пелистер 2.
Натпреварите на сениорската селекција се предвидени да се оддиграат на 3 и 4 ноември.
Собирот на ракометарите е закажува на 30 октомври. со почеток во 13.00 часот во хотелот „Александар Палас“ во Скопје.