Ракометарите на Еурофарм Пелистер го забележаа петтиот пораз во Лигата на шампионите. Вечерва во Загреб, домашниот тим го совлада шампионот на Македонија 27-18 (10-10). Нестварниот пад во играта, во последните 16-17 минути го однесе Еурофарм Пелистер во убедлив пораз.
44 минути македонскиот првак беше рамноправен на теренот. Од почетокот двата тима демонстрираа цврстина игра во одбраната и играа во серии, постигнуваа по два или три гола. Од тој момент на средината од вториот дел, Загреб наметна темпо кое Пелистерци не може да го следат. При резултат 16-16 следуваше серија на Загреб 3-0, па 5-1 и го реши прашањето околу победникот.
Најефикасен играч на Еурофарм Пелистер беше Борзаш со три гола, Тајник, Сери, Васиљев, Радивојевиќ и Пешевски постигнаа по два погодоци.
Ракомет
Лига на шампиони 2023/24
А група – петто коло
Загреб – Еурофарм Пелистер 27-18 (10-10)
Спортска сала „Арена“ - Загреб
Гледачи: 5.000
Судии: Даниел и Роберто Аконто Мартинс
Црвени картони: Костески и Петровиќ (Еурофарм Пелистер)
Загреб:
Мандиќ, Грбавац, Кос 5, Кавчиќ 5, Кларица 3, Дибиров 3, Валчак 2, Сиротиќ 2, Чупиќ 2, Фаљиќ 1, Гојун 1, Главаш 1, Моралес 1, Сухолежник 1, Срна, Чавар
Седмерци: 2/2
Исклучувања: 6 минути
Еурофарм Пелистер:
Лесјак, Гедбан, Борзаш 3. Тајник 2, Радивојевиќ 2, Васиљев 2, Пешевски 2, Сери 2, Цехте 1, Костески 1, Петровиќ 1, Пет. Атанасијевиќ 1, Ѓорговски 1, Кузманоски, Кисум, Танкоски
Седмерци: 3/2
Исклучувања: 10 минути
Во следното шесто коло на Лигата на шампионите, Еурофарм Пелистер го пречекува Киелце, следната среда во Битола.