Еурофарм Пелистер 2 – Тиквеш 27-32 (13-16)
Осмото коло од ракометната Суперлига на Македонија почна денес во Битола, со натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер 2 и Тиквеш, кој им припадна на гостите од Кавадарци со 27-32.
Со оглед на тоа дека во првиот круг натпревари Тиквеш загуби само од Алкалоид, на стартот од возвратните, важеше за фаворит во „Боро Чурлевски“ и ја оправда таа улога.
Најдобри стрелци кај гостите беа Страхиња Симиќ и Мирко Мајиќ со по седум постигнати гола, а Евгениј Темелкоски и Ани Обина погодија по петпати, додека кај пелистерци, Мирче Калајџиовски даде шест, пред Христијан Митревски и Алем Хаџиќ со по четири гола.
Ракомет
Суперлига – А група
Осмо коло:
Еурофарм Пелистер 2 – Тиквеш 27-32 (13-16)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола
Гледачи: 400
Судии: Виктор Андонов и Стојанче Јовановски
Еурофарм Пелистер:
Штаковски, Младенов, Печурица, Маркоски 1, Талевски 3, Ристевски 1, Митревски 4, Мирчески, Димовски, Печурица, Трпчевски 2, Димитровски 3, Калајџиовски 6, Ивановски 1, Југовски 1, Мијушковиќ 1, Хаџиќ 4
Седмерци: 14/11
Исклучувања: 8 минути
Тиквеш:
Гемаљевиќ, О. Лазов 2, Мијатовиќ 1, Темелкоски 5, Велков, Соколов, Стефановиќ 2, М. Лазов, Манасков 1, Окардов, Органџиев, Шулески, Коцев 2, Симиќ 7, Мајиќ 7, Ани Обина 5
Седмерци: 7/4
Исклучувања: 10 минути
Во следното деветто коло за десет дена Еурофарм Пелистер 2 гостува кај Скопје 2020.