Оваа среда и четврток се играат натпреварите од петтото коло на Лигата на шампионите. Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги објави официјалните лица за осумте натпревари.
Еурофарм Пелистер гостува кај шампионот на Хрватска, Загреб, а натпреварот ќе го судат португалските судии Даниел Акото Мартинс и Роберто Акото Мартинс. Делегат ќе биде Томо Водопивец од Словенија.
Натпреварот на шампионот на Македонија и Хрватска се игра в четврток, на 19 октомври, со почеток во 18:45 часот во „Арена Загреб“. Влезот е слободен и се очекува и група на навивачи од Битола.