b_640_480_16777215_00_images_vesti_2023_10_jovic_zg.jpg

Ракометарите на Еурофарм Пелистер се подготвуваат за гостувањето кај Загреб во новото коло во Лигата на шампионите. Тренерот на битолчани, Александар Јовиќ, се надева на добра партија на дуелот во Хрватска.

На средбата со новинарите во Битола зборуваа тренерот Јовиќ и десното крило Костески.

Александар Јовиќ
(тренер на Еурофарм Пелистер)
Во седум дена нè очекуваат три тешки натпревари, од кои два во Лигата на шампионите. Првиот е против Загреб в четврток. Тие се во нагорна линија, го совладаа Колштад и ремизираа со Алборг. И ние против Кил и ПСЖ покажавме дека напредуваме. Ќе се обидеме да ги остраниме грешките кои ги направивме и заради кои не остваривме уште подобар резултат. Тие грешки ни се случуваа заради неискуство.

Загреб и во минатите сезони менуваше по 3-4 тренери во сезона и не гледам причина дека и оваа смена ќе ги поремети. Тие се добар тим, добар склоп на млади и искусни играчи. Но следи тежок натпревар и се надевам дека ќе одиграме на наше ниво. Растеме како екипа, но за нешто повеќе треба да не ги правиме тие грешки кои се плод на неискуство. Немаме многу искусни ракометари кои играле во Лигата на шампионите, па со тек на време моите момци ќе добијат самодоверба и во клучните моменти ќе одговорат како што треба. Со Загреб ќе бркаме прва победа во Лигата на шампионите, па ни следат Вардар и Киелце, па сигурен сум дека во сите три натпревари ќе дадеме максимум.

Ненад Костески
(РК Еурофарм Пелистер)
Видливо е дека формата оди во нагорна линија, одиграме два одлични натпревари по ред. Ни следи Загреб, противник со кој мора да играме максимално, затоа што беа перфектни на последните два домашни натпревари. Ги анализираме, нема да биде лесно, мора да бидеме на 100% и дај Боже да се израдуваме на првите бодови.

Бев дел од Загреб, имам убави спомени и тоа ми беше голем чекор напред во кариерата. Доста млад потпишав за голем клуб кој секоја година игра во Лигата на шампионите. Тие се организиран клуб, од кој може да се научи и да се напредува. Од таму носам само убави спомени.

Сите ракометари на Загреб се екстра, но Дибиров, Чупиќ и Моралес даваат голем придонес. Тие се голема опасност по нашиот гол. Се спремаме и ги анализиране нивните последни натпревари и се надевам дека со победа ќе се вратиме од Загреб.

Ја имаме нашата прекрасна публика која секогаш е со нас и е наш осми играч. Нè радува што еден дел од нив ќе дојдат и ќе нè бодрат во Загреб. Ќе се обидеме да ги наградиме со победа и гледачите пред малите екрани и присутните во салата.

Битолчани в среда патуваат за Хрватска, а натпреварот ќе се одигра в четврток од 18:45 часот.

sponzori 2023 2024 noemvri

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723