Еурофарм Пелистер 2 – Куманово 38-29 (19-15)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 ја запишаа втората сезонска победа, откако пред домашната публика го совладаа Куманово со 38-29. Домаќините дд првата до последната минута имаа предност и во ниту еден момент победата не беше доведена под знак прашалник. Битолчани настапија без Мијушковиќ, Печурица и Белистојановски, но тоа на теренот не се почувствува.
Најефикасни кај победничката екипа беа Мирчевски со осум, Калајџиовски со шест и Трпчевски сп пет гола, а кај Куманово се истакна Дарко Симоноски со седум погодоци.
Ракомет
Суперлига – А група
Седмо коло
Еурофарм Пелистер 2 – Куманово 38-29 (19-15)
Спортска сала „Боро Чурлевски“ – Битола
Гледачи: 100
Судии: Спаско и Глигор Ќаеви
Еурофарм Пелистер 2 :
Штаковски, Младенов, Печурица, Талевски 1, Маркоски 4, Ристевски 4, Митревски, Мирчески 8, Димовски 3, Блажевски, Трпчевски 5, Димитровски 3, Пецаковски, Калајџиовски 6, Ивановски 2, Хаџиќ 2
Седмерци: 5/5
Исклучувања: 10 минути
Куманово:
Кимевски, Димитров 2, Ѓурковиќ 3, Даневски 2, Цветковски 5, Бошковски 3, Тасевски, Цветковски, Миладиновски 4, Илиевски, Симоноски 7, Гамзардија 2, Михајловски 1
Седмерци: /
Исклучувања: 12 минути
Следниот викенд Еурофарм Пелистер 2 игра дерби дуел со една од двете најдобри екипи во групата, кавадаречки Тиквеш.