Десниот бек од Србија Милан Филиќ од денес е нов член на ХЈС Работник. Откако пред три дена го обезбедија голманот Градимир Чаневски од Вардар Јуниор, првите луѓе на шампионот во Првата лига, донесоа и петти новајлија.
Александар Зарков деновиве претстојуваше во Смедерево, каде ги договори сите услови за едногодишен договор со Филиќ. Договорот веднаш беше потпишан во просториите на српскиот клуб, а 193 сантиметри високиот Филиќ ќе му донесе многу искуство на тимот од Битола.
Пред да дојде во ХЈС Работник, Филиќ настапуваше за Татран, Гонфовил, Фрајберг и Атлас. Битолчани ангажираа ракометар со 11-годишно интернационално искуство и ќе биде од голема помош за најмладиот клуб во Супер лигата.