Актуелниот лидер во Првата лига, втора по ранг во Македонија, тимот на ХЈС Работник за следната сезона доби ново засилување, откако денес го обезбеди потписот на Мите Караиванов.
Корпулентниот ракометар во клубот од Битола доаѓа од тимот на Младост Богданци, каде што стигна зимава откако го раскина договорот со Охрид. За екипата на ХЈС Работник, поранешниот репрезентативец претставува второ засилување по Филип Чурлевски од Вардар Јуниор.
Левиот бек, покрај за Охрид и Младост Богданци има настапувано и за Вардар, Пелистер како и грчки Диомидис Аргос.