Актуелниот шампион на Македонија, Пелистер го осѕвари првиот триумф на официјален натпревар оваа сезона откако денеска го совлада Мулти Есенс со 40-22. Победникот беше најавен уште во почетните минути, а на паузата битолскиот состав водеше со 20:11. Слична беше сликата на теренот и во вториот дел, па затоа и вторите триесет минути завршија со идентичен резултат.
Младите Петровиќ и Атанасијевиќ по натпреварот зборуваа за импресиите од дуелот со новиот суперлигаш.
Павле Петровиќ
(РК Еурофарм Пелистер)
Имавме лоша серија и во двете натпреварувања, но сега со оваа победа планираме да почнеме поззитивна серија на резултати. Имавме повреди и лошо игравме заради тоа што сме нова екипа и ни треба малку време. Мислам дека заврши таа лоша серија и ќе продолжиме во овој стил. На мојата позиција игра искусен ракометар и кога ќе добијам прилика треба максимално да ја искористам, па макар биле и пет минути.
Петар Атанасијевиќ
(РК Еурофарм Пелистер)
Ја почнавме сезоната лошо, со четири порази по ред. Оваа победа против Мулти Есенс и мислам дека вака ќе изгледаат останатите натпревари и вака ќе се радуваме. Како млад ракометар секогаш треба да го дадеш максимумот. Така е во домашното првенство, а секако и во Европа, каде играш против легенди како Карабатиќ, Хансен. Нормално е да имаше мотивација да се покажеше во подобро светло.
Во рамките на третото коло на Суперлигата, веќе в сабота Еурофарм Пелистер го пречекува Голден Арт.