Ракометарите на ХЈС Работник и дефинитивно ќе играат во Супер лигата во сезоната 2016/17, а со тоа Битола ќе добие дерби во најсилната категорија.
Во одлучувачкиот натпревар од Првата лига, вечерва во Скопје момците на Зарков и Марковски авторитетно го совладаа Вардар 2 на Стојан Петрушевски со 22-28 (10-14).
Во текот на целиот натпревар водеан гостите од Битола и веројатно следниот викенд на домашен терен ќе ја слават промоцијата. Мечот одлично го водеа македонските најдобри судии Николов и Начевски. ХЈС Работник за следната сезона го осигура Филип Чурлевски, а најавува уште неколку засилувања за првото учество во елитата.