Со натпреварот помеѓу македонскиот првак, ракометниот клуб Еурофарм Пелистер и норвешкиот Колстад, во среда, спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола, ги отвора вратите за натпреварите од Лигата на шампионите. Општина Битола, ги заврши потребните инфраструктурни активности, согласно пропишаните европски стандарди. Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, посака многу среќа и нови успеси за македонскиот, битолскиот клуб РК Еурофарм Пелистер:
„Завршуваат подготовките во спортската сала „Боро Чурлевски“, пред почетокот на новата Лига на шампионите. Со интензивна работа од страна на Општина Битола и во соработка со јавните претпријатија, приватните фирми и активна вклученост на приватниот партнер кој е дел од клубот, ги исполнивме потребните, високи европски стандарди. Со дуелот меѓу македонскиот првак, нашиот РК Еурофарм Пелистер и норвешкиот првак Колстад, во среда спортската сала „Боро Чурлевски“, ги отвора вратите за Лигата на шампионите
Нека ни е среќно и успешно битолчани! За нови големи достигнувања во ракометот!“, изјави градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски.