Еурофарм Пелистер - Вардар 1961 26-30 (13-13)
Ракометарите на Еурофарм Пелистер не успеаја да го освојат трофејот во Суперкупот на Македонија, откако вечерва во Струмица, загубија од Вардар 1961 со 26-30 (13-13). Петриќ со седум гола и Томовски со седум одбрани беа предводници во тимот на РК Вардар 1961. Исто така, Срдановиќ постигна осум гола, од кои шест од седмерец. Седум гола постигна Радивојевиќ кај Еурофарм Пелистер.
Двете екипи повторно ќе се сретнат во натпревар за бодови на 17 септември во Скопје.
Еурофарм Пелистер - Вардар 1961 26-30 (13-13)
Спортска сала: „Парк“ - Струмица
Судии: Димитар Митревски и Благојче Тодоровски
Делегати: Драган Начевски и Камер Металари
Еурофарм Пелистер:
Гедбан, Кизиќ, Цехте 3, Кузманоски 1, Тајник 1, Кисум 6, Борзаш, Танкоски 2, Радивојевиќ 7, Костески 1, Петар Атанасијевиќ, Васиљев, Пешевски 5, Сери, Павле Атанасијевиќ
Седмерци: 4/4
Исклучувања: 8 минути
Вардар 1961:
Томовски, Гогов, Јагуриновски, Аларов 1, Карапалески, Јашухира 3, Ансер, Лазаревски 3, Срдановиќ 8(6), Николиќ 5, Петриќ 7, Ѓукиќ 1, Атансовски, Мело, Мишевски 2
Седмерци: 7/8
Исклучувања: 4 минути