Пријателски натпревар:
Еурофарм Пелистер - Еурофарм Пелистер 2 33-21 (14-9)
По одработувањето на првиот дел од подготовките во Маврово, екипата на Еурофарм Пелистер, денес го одигра првиот контролен натпревар во Битола, против екипата на Еурофарм Пелистер 2 и победи со резултат 33-21 (14:9).
Во Еурофарм Пелистер играа повеќето засилувања, на кој им даде шанса тренерот Александар Јовиќ, а слично беше и од другата „страна“ каде Михајло Петровски ги проба сите ракометари кои му се на располагање сега.
Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Еурофарм Пелистер:
Лесјак (5 одбрани), Кизиќ (5 одбрани), Кузманоски 3, Борзаш 2, Кисум 4, Нилсен, Петровиќ 1, Костески 7, Танкоски, Петар Атанасијевиќ 8, Павле Атанасијевиќ 2, Васиљев 3, Ѓорговски 1, Сери, Пешевски 1, Стевановиќ 1, Дејвис
Седмерци: 2/1
Исклучувања: 4 минути
Еурофарм Пелистер 2:
Печурица (5 одбрани), Младенов (3 одбрани), Трсунов, Трпчевски 2, Димовски, Ивановски 1, Југовски 3, Маркоски 5, Мијушковиќ 5, Митревски, Талевски 3, Мирчевски 1, Талевски, Димитровски, Х. Ристевски, Пецаковски 1
Седмерци: 2/2
Исклучувања: 2 минути