Селекторот на машката ракометна репрезентација, Кирил Лазаров го објави списокот на повикани ракометари за претстојните натпревари против репрезентациите на Луксембург и Турција во рамки на европските квалификации. Oд тимот на Еурофарм Пелистер повикани се: Марко Кизиќ, Цветан Кузманоски, Ненад Костески, Жарко Пешевски и браќата Павле и Петар Атанасијевиќ.
Репрезентацијата на Македонија е дел од група 1 заедно со репрезентациите на Португалија, Турција и Луксембург во квалификациите за пласман на Европското Првенство 2024 кое ќе се одржи во период од 10 до 28 јануари 2024 година во Германија.
Во рамки на ЕХФ неделата сениорите прво во Луксембург, а натпреварот ќе се оддигра на 26 април во 20:15 часот, а на 30 април во СЦ “Борис Трајковски” со почеток во 18:00 часот сениорите ќе го одиграат и последниот натпревар во квалификацискиот циклус против репрезентацијата на Турција.