Еурофарм Пелистер 2 - Алкалоид 30-35 (10-15)
Најефикасниот ракометар на средбата доаѓа од домашниот табор, бидејќи Павле Петровиќ стрела осум пати. Во гостинскиот тим се истакнаа Мартин Серафимов и Божидар Илиевски со по седум гола, колку што дадо и Ристевски и Ивановски кај битолчани. Репрезентативецот Стојковиќ заработи директен црвен картон, заради груб прекршок врз Ивановски.
Ракометарите на Еурофарм Пелистер минуваат низ период на порази во разигрувањето. По победата во Скопје против Бутел, најмладиот тим во Суперлигата загуби од третопласираниот Алкалоид со 30-35 (10-15). Без Емилијан Ѓорговски и Никола Стоилевски, кои се повредени, тимот остана краток на позицијата лев бек, а без помошта на голманите, кои немаа свој ден, тешко беше да се победи Алкалоид, полн со репрезентативци на Македонија.
Еурофарм Пелистер 2 - Алкалоид 30-35 (10-15)
Спортска сала: „Боро Чурлевски“ - Битола
Гледачи: 500
Судии: Рубинчо Седлоски и Горан Ангелески
Еурофарм Пелистер 2:
Печурица, Јовановски, Бошњак, С. Ристевски 7, Јовановски, Димовски, Димитровски 3, Талевски 1, Петровиќ 8, Ивановски 7, Буторац, Балистојановски 2, Х. Ристевски, Мијушковиќ 2, Блажевски
Седмерци: 7/4
Исклучувања: 10 минути
Алкалоид:
Трајковски, Галевски, Стојков 4, Младеновиќ 1, Серафимов 7, Илиески 7, Стојковиќ, М. Митев 4, Ѓоргиев 3, Симоноски 2, Омерагиќ, Тодески, Кофилоски 2, Петковски 5, Савревски
Седмерци: 5/5
Исклучувања: 8 минути
Со една победа и пет порази, Еурофарм Пелистер 2 го заземе осмото место во плеј-офот.