Еурофарм Пелистер и годинава ќе игра во групната фаза на ракометната Лига Европа, а денежната ждрепка ги одреди и петте противници на македонскиот состав во ова натпреварување.
Битолчани ќе играат против Татабања, Ним, Спортинг, АЕК Атина и Кадетен Шафхаузен, а во нокаут фазата ќе се пласираат првите четири екипи во групата.
Тренерот Жељко Бабиќ потенцира дека Еурофарм Пелистер добил група во која очекувано има сериозен квалитет.
„Европската лига на ЕХФ е силна, со клубови од сличен квалитет, а тука спаѓаме и ние. Групата која ја добивме е баш изедначена. Ќе биде многу интересно, но ако сакаме да минеме во следниот круг мораме да бидеме многу прецизни и дисциплинирани, ќе мора навистина да се испотиме. Сепак, како што ќе ни биде нам тешко, така ќе биде и за останатите. Се радувам дека ќе има одлични натпревари, но неблагодарно е да се прогнозира било што.
Ја користам оваа шанса да ги поздравам и нашите навивачи, со ние сè е понинаку. Сепак, спортот се игра поради навивачите. Ги повикувам да дојдат, да се радуваме, да ни помогнат, а јас сум уверен дека ќе им вратиме и ќе победуваме на наш терен“, рече Бабиќ.
Првиот натпревар битолчани ќе го одиграат против Ним, а последниот против АЕК Атина и во двата случаи на домашен терен.