Македонскиот ракометен вицешампион, Еурофарм Пелистер ги дозна противниците за групната фаза во Лигата на Европа. Битолчани ќе играат во група со Татабања од Унгарија, Аек од Грција, Спортинг од Португалија, Ним од Франција и Кадетен Шафхаузен од Швајцарија.
По ждрепката капитенот Јосип Периќ ги искажа своите први импресии.
„Добивме неколку екипи со кои игравме во претходните години. Задоволни сме од оваа група и можеме да се надеваме дека ќе минеме понатаму. Мислам дека Французите се најквалитетни, а потоа Кадетен Шафхаузен. Потоа сите останати екипи се тука некаде по квалитет и мислам дека таму мора да ја бараме нашата шанса, но не е исклучено дека можеме да ги добиеме и другите два противници. Фановите во Битола ќе бидат наша дополнителна сила, бидејќи минатата сезона игравме пред празни трибини. Сметам дека оваа година ќе биде сосема поинаква приказна“.
Пелистерци минатата сезона ја завршија во осминафиналето, каде беа елиминирани од германскиот Магдебург.