Ракометарите на Еурофарм Пелистер забележаа уште две победи во подготвителниот период за новата сезона. По враќањето во Маврово, најнапред беше совладан Еурофарм Пелистер 2 со 32-22, во второ соочување меѓу двете битолски екипи во интервал од една недела.
Потоа екипата на Жељко Бабиќ го совлада Металург со 28-22 (13-8). Средбата ја реши подоброто прво полувреме на Еурофарм Пелистер, кој по првите 30 минути стекна солидна предност од пет гола. На 13 август, во рамките на турнирот во Струга, Металург и Еурофарм Пелистер повторно ќе се соочат во натпревар во кој победата ќе биде голем влог за место во финалето.
Пелистерци се вратија во Битола и продолжија да го подготвуваат Суперкупот против Вардар 1961 в среда во Скопје.