Еурофарм Работник - Борец 32-23 (16-12)
Вечерва во спортската сала „Младост“ во Битола ракометарите на Еурофарм Работник го совладаа ГРК Борец со 32-23 (16-12) и застанаa на врвот на првенствената табела во Суперлигата.
Воочи дерби натпреварот од 4. коло на Суперлигата во ракомет помеѓу Еурофарм Работник и Борец, денес прес-конференција одржа битолскиот суперлигаш и го најави натпреварот кој се игра утре попладне во 18.00 часот во спортската сала „Младост“ во Битола.
Ракометарот на Еурофарм Работник, Дејан Пецаковски успешно беше опериран вчера во Скопје, откако во август на струшкиот турнир ги скина лигаментите од коленото. Се чинеше дека со терапија ќе може да ја лекува повредата, но неопходен беше оперативен зафат.
Пионерската екипа на Еурофарм Работник со победа ги започна натпреврите во шампионатот на Македонија. Во меч игран во Битола по неизвесен дуел, Еурофарм Работник го совладаа тимот на Струга со 16-14 (7-6).
Одиграни се првите натпревари од третото коло на ВИП Супер лигата во ракомет. Дерби мечот во Прилеп го одиграа Прилеп и Еурофарм Работник, а гостите од Битола забележаа победа од 19-25 (8-11).
Селекторот на македонската ракометна репрезентација Лино Червар свика нов собир на националниот тим, в понеделник во салата „Билјанини Извори“ во Охрид, а на списокот се најдоа 30 ракометари.
На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.
Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.
Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.
Мај 04, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Мај 02, 2025 by RK Eurofarm Pelister
Мај 02, 2025 by RK Eurofarm Pelister