b_640_480_16777215_00_images_vesti_2021_06_радовиќ_нов_договор_2.jpg

РК Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека ракометарот Мирко Радовиќ го потпиша најавениот договор со клубот и се обврза на соработка за следната сезона 2021/22. Радовиќ веќе две и пол сезони настапува во Битола, а дојде од црногорскиот шампион Ловќен.

„Тука сум веќе две и пол години и на обострано задоволство дојде до продолжување на соработката. Се договоривме спонтано, а така е некако најубаво. Сакам да се заблагодарам на цел град, посебно на „Чкембарите“. Тоа што го доживеав во последниот еден месец не го сонував и во најлудите сништа.

Полно ми е срцето и сакам да им се заблагодарам на навивачите и на сите луѓе низ град кои ме поздравуваат и ме бодрат. Битола е моја втора куќа и луѓето направија да се чувствувам на секој чекор како дома.

Секој ден клубот расте и се гледаат тие чекори. Недостигаа трофеите, останува жал за пропуштеното. Титулите се решаваа во само неколку голови. Ќе видиме следната сезона, кога ќе биде полна салата ќе биде поинаква приказна. Знаеме што значат навивачите, цел град и симпатизерите во „Боро Чурлевски“. Нема збор околу тоа“, смета Црногорецот.

Минатата недела клубот ги продолжи и договорите со Граџан, Ојлески и Никола Маркоски.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723