b_640_480_16777215_00_images_vesti_2021_05_derbii.jpg

Ракомет – Суперлига (плејоф) – 13. коло
Еурофарм Пелистер 2 – Еурофарм Пелистер 23-31 (10-14)

Второто градско дерби на Суперлигата донесе допадлив ракомет во спортската сала „Боро Чурлевски“ и очекувана победа на Еурофарм Пелистер со 31-23 (14-10). Екипата на Бабиќ го имаше расположениот Периќ, но одлично му парираа и Радовиќ и Танкоски. Кај поразениот тим на Јовиќ блескаа голманот Филип Ивановски и младиот Симон Мирчевски, автор на шест гола.

Трајковски на голот одбрани неколку топки, вклучувајќи и еден седмерец и на одмор се замина со 10-14 за екипата на Бабиќ. Играта во вториот дел стана динамична, се правеа многу грешки, а следеа и серија на исклучувања. Сепак, второпласираниот тим на табелата не дозволи изненадување и лесно го приведе натпреварот кон крај за победа од 23-31.

Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Судии: Методија и Михајло Илиевски

Еурофарм Пелистер 2:
Ивановски, Бардакоски, Ј. Талевски, Петковски, Пав. Атанасијевиќ 4, В. Димитровски 1, Мирчевски 6, Митревски 2, Петровиќ 3, Андонов, И. Димитровски 1, С. Талевски 2, Стоилевски 1, Пет. Атанасијевиќ 2, Дрогришки 1, Блажевски
Седмерци: 5/2
Исклучувања: 14 минути

Еурофарм Пелистер:
Чаневски, Трајковски, Ојлески 2, Маркоски 1, Маџовски 2, Кукуловски, Кузманоски, Кушан 3, Радовиќ 5, Танкоски 3, Периќ 11, Костески 2, Кукоски, Петровски, Граџан 2, Ѓукиќ
Седмерци: 6/5
Исклучувања: 12 минути

Во последното 14. коло, в среда екипата на Бабиќ го пречекува Охрид, а помладиот битолски клуб гостува кај Бутел Скопје.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723