b_640_480_16777215_00_images_vesti_2021_05_prolet_-_eurofarm_pelister_2-2.jpg

Пролет - Еурофарм Пелистер 2 27-25 (16-9)

Спортска сала „Македонско сонце“ - Скопје
Судии: Виктор Андонов и Стојанчо Јовановски (Скопје)

Пролет:
Ангелов 1, Цветковски, Аларов 5, Пецаковски 6, Донев, Додевски, Димов 4, Андоновски 1, Џонов 6, Мајнов, Дамчевски, Василевски, Фичорски, Потиќ, Палевски 2, Пејовиќ 2
Седмерци: 6/5
Исклучувања: 6 минути

Еурофарм Пелистер 2:
Ивановски, Бардаковски, Ристевски, Ј. Талевски 4, Пав. Атанасијевиќ 1, В. Димитровски, С. Митревски, Х. Митревски, Петровиќ 6, С. Талевски 4, Пет, Атанасијевиќ 4, Белистојановски 2, Дрогришки 1, Блажевски 1, Арсеновски 2
Седмерци: 7/4
Исклучувања: 10 минути

Ракометарите на Еурофарм Пелистер 2 загубија во драматичен финиш од Пролет со 27-25 (16-9) во рамките од деветтото коло на плеј-офот. Екипата на Александар Јовиќ одлично се бореше во вториот дел, поправајќи го лошото првото полувреме. Имено, екипата од Битола се врати од -7 и дури имаше и напад за реми, но поискусниот тим на Пролет дојде до победата.

Финишот беше крајно неизвесен се до последната минута, кога Пецаковски погоди пенал за 26-25. Во следниот напад гостите ја загубија топката, па Ангелов погоди од гол на гол и ја осигура победата. Искусниот голман стави печат на триумфот со одбранет пенал на 20 секунди до крајот, за нова победа на Пролет во плеј-офот.

За Пролет ова беше петта победа во плеј-офот со која останува на третото место, додека на другата страна Еурофарм Пелистер 2 го запиша седмиот пораз.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723