b_640_480_16777215_00_images_vesti_2021_05_EUROFARM_PELISTER_-_TATABANYA_40.jpg

Бутел - Еурофарм Пелистер 26-29 (9-13)

Спортска сала - Бутел, Скопје
Судии: Славе Николов и Ѓорѓи Начевски (Скопје)
Црвен картон: Милорад Кукоски (Еурофарм Пелистер)

Бутел:
Даскалоски, Симјановски, Младеновски 8, Симјановски 1, Ѓорѓиевски, Божиновски 1, Митев, Б. Спасовски 1, Мојсовски 2, Бо. Спасовски 2, Трифковиќ 2, Јефтиќ 1, Василевски 4, Мајиќ 5
Седмерци: 5/4
Исклучувања: 10 минути

Еурофарм Пелистер:
Хендави 1, Чаневски, Мараш 5, Ојлески 1, Маркоски, Маџовски, 2, Кукуловски, Купан 2, Радовиќ 1, Танкоски 2, Периќ 6, Костески 5, Кукоски, Петровски, Велковски 3, Граџан 1
Седмерци: 4/3
Исклучувања: 6 минути

Ракометарите на Еурофарм Пелистер ја оправдата фаворитската улога во дуелот со Бутел и славеа со 26-29. Домашниот тим му даде силен отпор на фаворитот но немаше сили за изнедување, битолчани го контролираа натпреварот и на крајот дојдоа до осмиот триумф и останаа на три бода зад лидерот Вардар 1961.

Натпреварот стартуваше со игра гол за гол. Еурофарм Пелистер доста се мачеше да го скрши отпорот на Бутел, кој предводен од Печенковски во нападот се држеше со далеку посилниот ривал на хартија. Беше 7-7 во средината на првото полувреме, а потоа Хендави се разбрани, воедно даде и еден гол на празна мрежа, потоа Танкоски погоди за 9-10, па следеа два брзи гола на Костески преку контра и предноста замина на контото на гостинот од Битола (9-13). Во првиот дел директен црвен картон доби Милорад Кукоски.

Следеше моќен старт на второто полувреме, предноста порасна до +7,, па до крајот Бутел не успеа целосно да се врати, па само во финишот го направи поразот прифатлив (26-29). Периќ со шест, Костески со пет и Мараш со четири погодоци беа најефикасни во победничкиот тим, а Хендави се истакна со осум интервенции.

Лидер на табелата по девет кола е Вардар 1961 со максимални 27 бодови, Еурофарм Пелистер има три помалку, додека Пролет е третопласиран со 15 бода. Во следното десетто коло, Еурофарм Пелистер го пречекува Вардар 1961 на 20 мај во Битола.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723