b_640_480_16777215_00_images_vesti_2021_04_еурофарм_пелистер_-_младост_2.jpg

Ракометната федерација на Македонија на денешната седница на Управниот одбор донесе значајни одлуки за системо на натпреварување за следната сезона, како и за ограничувањето на странски ракометари. Главната промена која ќе стапи на сила од сезоната 2021/22 е враќањето на СЕХА-лигашите во домашната Суперлига уште од почетокот, а не како досега да се вклучуваат напролет, во плеј-оф фазата. Тоа значи дека Суперлигата ќе има 12 екипи уште во основниот дел, кои ќе играат меѓусебно во двокружен систем, дома и на гости во 22 кола.

Одлуки на Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија.

Од сезоната 2021/20 машката Суперлига ќе брои 12 ракометни екипи, односно екипите со остварен пласман прво до десетто место од сезона 2020/2021 и победникот од бараж натпреварот помеѓу единаесеттопласираниот во Суперлига и второпласираниот од Првата лига од сезона 2020/221 и победникот од Прва лига од сезона 2020/21, системот на натпреварување да биде еднокружен бод систем,

• Натпреварите во првиот регуларен дел се одигруваат по еднокружен бод систем (домаќин-гостин двапати по единаесет кола) - вкупно 22 кола.
• По завршување на 22. коло ќе се игра плеј-оф и плеј-аут, односно екипите пласирани/рангирани од прво до шесто место ќе ја формираат групата плеј-оф од шест екипи, екипите со остварен пласман седмо до дванаесетто место ќе ја формираат групата плеј-аут.
• Во плеј-оф екипите ќе се натпреваруваат во еднокружен бод систем (домаќин – гостин двапати по пет кола) - вкупно десет кола до добивање конечен пласман во највисок степен на натпреварување, дополнително ракометните екипи пренесуваат бодови од првиот регуларен дел од одиграните 22 кола, по принципот:

Првиот пренесува 5 бода
Вториот пренесува 4 бода
Третиот пренесува 3 бода
Четвртиот пренесува 2 бода
Петтиот пренесува 1 бод
Шестиот пренесува 0 бодови

• Во плеј-аут групата, формирана од екипите од седмо до дванаесетто место, разигруваат по еднокружен бод систем (домаќин – гостин двапати по 5 кола) - вкупно десет кола за опстанок во Суперлига, дополнително ракометните екипи пренесуваат бодови од првиот регуларен дел од одиграните 22 кола по принципот:

Седмиот пренесува 5 бодови
Осмиот пренесува 4 бода
Деветтиот пренесува 3 бод
Десеттиот пренесува 2 бодови
Единаесеттиот пренесува 1 бод
Дванаесеттиот пренесува 0 бодови

Систем на натпревари при Ракометната федерација на Македонија во машка конкуренција (Суперлига и Прва лига):

Согласно направената анализа и комуникација со членките на Ракометната федерација на Македонија и добиените писмени дописи од клубовите : РК Бутел, РК Струга, ГРК Охрид, РК Голден Арт КЛ7, ГРК Тиквеш 2014, РК Радовиш, РК Младост 1977, РК Прилеп, РК Астраион Хендбол, РК Пролет 62, РК Јуниор Кисела Вода 2020, РК Еурофарм Пелистер, РК Еурофарм Пелистер 2 и РК Металург е усвоен системот за натпревари во машка конкуренција Суперлига и Прва лига.

Обврска на учесниците во Суперлига (машка конкуренција) за пријава на пионерска екипа (задолжително) и младинска или кадетска екипа:

Сите учесници во Суперлига (машка конкуренција), започнувајќи од сезона 2022/23 година имаат обврска да пријават пионерска екипа (задолжително) и младинска или кадетска екипа во националниот систем на натпревари при Ракометната федерација на Македонија. Годините за право на настап ќе бидат одредени на конференција на клубови пред започнување на натпреварувачката сезона 2022/23 година.

Број на ангажирани странски ракометари од сезона 2022/23 година:

Бројот на странски ракометари на натпревар за домашно првенство од сезона 2022/23 година може да изнесува вкупно максимум шест) ракометари:

1. Квота А: Максимум три странски ракометари по произволен избор на клубовите

2. Квота Б: Останатиот број до максимум шест странски ракометари задолжително да имаат минимум десет настапи за репрезентација на својата држава.

Клубовите имаат право, сите шест странски ракометари да ги ангажираат според спецификациите од (квотата Б), но немаат право да ангажираат повеќе од три ракометари по избор (квота А).

Ограничувањето за странските играчи се однесува ЕДИНСТВЕНО на националниот систем на натпревари при Ракометната федерација на Македонија, за учество во европските и интернационалните клубски натпреварувања, клубовите имаат право да регистрираат неограничен број на странски играчи.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723