b_640_480_16777215_00_images_vesti_2021_03_pericmgd.jpg

Магдебург - Еурофарм Пелистер 35-24 (14-9)

Во реванш натпреварот од осминафиналето од Лига Европа, битолски Еурофарм Пелистер забележа нов пораз, откако во Германија загуби со 35-24 (14-9) од екипата на Магдебург. Со двата порази екипата од Битола е елиминирана од Европа, во сезона во која стигна во нокаут фазата и победи на пет од дванаесет натпревари.

Германците го решија прашањето околу патникот во четвртфиналето уште на првиот натпревар во Битола кој им припадна со 24-32, но битолчани се надеваа дека ќе се прикажат во подобро светло на ревашнот на гостински терен, но тоа важеше само во првата половина од првото полувреме, кога се уште резултатски беа во игра за поволен резултат. По ова, играчите на Магдебург се разлетаа на теренот и нивната предност од минута во минута растеше.

Ништо не се промени ниту на стартот на вториот дел, само што двете екипи беа за нијанса поефикасни во нападот. Домашниот стратег честопати го менуваше својот состав, но речиси ниту еден ракометар не потфрли, па затоа пелистерци не знаеја од каде да ја очекуваат вистинската закана и заслужено загубија со единаесет гола разлика

Во редовите на бундеслигашката екипа скоро сите се запишаа во листата на стрелците, најефикасен беше Клуге со седум голови, пет имаше Штајнерт. Најефикасни кај Еурофарм Пелистер беа Мандалиниќ со седум гола и Маџовски со пет. Пелистерци на овој натпревар на Магдебург му се спротиставија без тренерот Жељко Бабиќ кој поради коронавирус е во карантин во Битола.

За битолчани не преостанува ништо друго, туку што побргу да ја заборават елиминацијата од Лига Европа и да се насочат кон мечевите од СЕХА лигата, Купот на Македонија и следните предизвици во македонскиот шампионат.

sponzori 2021

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

Телефон: +38971231461

E-mail: dimitar.mitrevski@eurofarm.com.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723