b_640_480_16777215_00_images_vesti_2021_03_EUROFARM_PELISTER_-_BUTEL_6.jpg

Еурофарм Пелистер ја забележа и втората победа во низа од стартот на ракометниот плејоф откако попладнево на домашен терен триумфираше над Бутел со резултат 28-23. Денешниот натпревар беше успешно загревање за битолските „фармацевти“ пред претстојниот меч со Магдебург во рамките од Лигата на Европа.

Хрватот Стипе Мандалиниќ со осум погодоци беше најефикасен поединец на овој натпревар кај Еурофарм Пелистер, додека во таборот на Бутел се истакнаа Трифковиќ и Јевтиќ со по пет гола.

Суперлига – плеј-оф (второ коло)

Еурофарм Пелистер – Бутел Скопје 28-23 (13-11)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола
Судии: Ѓорѓи Начевски и Исмаил Металари (Скопје)
Црвен картон: Милорад Кукоски (Еурофарм Пелистер)

Еурофарм Пелистер:
Чаневски, Трајковски, Мараш 3, Ојлески 3, Маркоски 1, Маџовски, Кукуловски, Мандалиниќ 8, Радовиќ 1, Танкоски, Периќ 2, Костески 3, Кукоски, Велковски 2, Граџан 3, Ѓукиќ 2

Седмерци: 3/2
Исклучувања: 12 минути

Бутел Скопје:
Даскаловски 1, Блажески, Младеновски, Стојановски, Ѓеоргиевски 1, Божиновски 1, Митев 3, Омерагиќ, Мојсоски 1, Спасовски, Милошески 3, Печенковски 1, Трифковиќ 5, Јевтиќ 5, Василевски, Мајиќ 2

Седмерци: 5/5
Исклучувања: 2 минути

Во следното трето коло од разигрувањето, следната сабота од 17:00 часот, Еурофарм Пелистер гостува кај Вардар 1961 во Скопје.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723