b_640_480_16777215_00_images_vesti_2021_02_babic_gydme.jpg

Македонскиот претставник, Еурофарм Пелистер го обезбеди четвтфиналето на СЕХА Гаспром лигата и сигурно нема да игра осминафинална фаза, во која испадна од Нексе Нашице минатата сезона. Битолчани го скршија и малерот на гостувањата и попладнево славеа во Шабац против Металопластија со 27-33 (14-16).

Тренрот Жељко Бабиќ ја апострофираше долгата клупа, иако Еурофарм Пелистер во Битола ги остави Хендави, Кушан, Петровски и Кузманоски.

„Видливо беше дека Еурофарм Пелистер има подолг ростер и поквалитетен ростер, а кај противникот можеше да се забележи дека е заморен, бидејќи пред неколку дена имаше тежок меч во српскиот шампионат. Јас сум среќен кога гледам млади играчи на паркетот, кои се желни за докажување и допрва треба да израснат во големи ракометари. Металопласитка е одличен тим, има квалитетен тренер и верувам дека во иднина успесите сами ќе дојдат“, рече Бабиќ на прес-конференцијата.

До крајот на групата А на СЕХА Гаспром лигата, Еурофарм Пелистер гостува во Словачка против Татран Прешов и на домашен терен го пречекува ППД Загреб.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723