b_640_480_16777215_00_images_vesti_2021_03_KADETTEN_SCHAFHAUSEN_-_EUROFARM_PELISTER_14.jpg

Кадетен Шафхаузен - Еурофарм Пелистер 29-26 (16-12)

Македонскиот претставник во Лига Европа, Еурофарм Пелистер загуби со 29-26 загуби на гостувањето кај Кадетен Шафхаузен и остана на четвртото место во групата, во која не загуби ниту еден домашен натпревар, но не откина ниту еден и од гостувањата. Така, со единаесет освоени бода од можни дваесет, тимот на Бабиќ заврши зад Рајн Некар Левен, Кадетен Шафхаузен и ГОГ Гудме и ќе игра осминафинале против Магдебург.

Тимот на Бабиќ имаше лош старт во нападот, првиот гол го постигнаа во осмата минута. До средината на првиот дел Еурофарм Пелистер даде само два гола, а играта „седум на шест“ не даде резултат. Сепак и покрај таквиот неефикасен почеток на мечот, на полувремето се замина со водство на Кадетен Шафхаузен од 16-12.

Во второто полувреме домаќините ја одржуваа предноста, стигнаа и до највисоки шест голови, Еурофарм Пелистер се обидуваше да го направи понеизвесен финишот, но не успеаја, на крајот Кадетен победи со 29-26.

Најефикасни во домашниот табор беа Барток со седум и Часар и Шелкер со по четири гола, а кај Еурофарм Пелистер се истакнаа Периќ со седум и Граџан со шест погодоци. Првиот натпревар од осминафилето Еурофарм Пелистер го игра против Магдебург на 23 март, а реваншот е седум дена подоцна во Германија.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723