b_640_480_16777215_00_images_vesti_2021_02_Јосип_Перич.jpg

Еурофарм Пелистер утре го очекува нов натпревар од Лигата на Европа против данскиот ГОГ Гудме. Во споредба со првиот меч, во данскиот тим се враќа средниот бек Мортен Олсен, а битолчани ќе бидат без Велковски, Мандалиниќ, Кушан и Маџовски.

Средниот бек Јосип Периќ вели дека ќе се обидат да ја успорат играта на Данците.

„По овие две победи мислам дека ќе ни биде многу полесно да го одиграме овој натпревар против ГОГ Гудме. Данците играат многу поразличен ракомет од Татабања. Од првиот натпревар во Данска одигравме многу повеќе натпревари, се запознавме подобро, имаме и некои нови играчи и верувам дека ќе биде поквалитетен дуел од првиот.

Секако дека имаме квалитетни играчи кои не добија голема минутажа досега, но веќе покажаа дека на нив треба да се смета и можат да издвојат свој учинок во екипата.

Играч како Мортен Олсен додава дополнителна снага на младата екипа на ГОГ Гудме. Тој е искусен играч, има завидна биографија и ќе му даде нова нијанса на тимот и ќе бидат поквалитетни со него во тимот. Ние играме поразличен ракомет од нив. Нашиот стил се базира повеќе на одбрана, а тие се млади и негуваат брз ракомет. Ќе се обидеме да ги успориме и да ги победиме.

ГОГ Гудме има еден бод повеќе од Еурофарм Пелистер, но одигра натпревар помалку. Првиот дуел во Данска заврши со победа на вицешампионот на оваа земја со 30-20.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723