b_640_480_16777215_00_images_vesti_2021_02_TATABANYA_-_EUROFARM_PELISTER_9.jpg

Остварен е значаен триумф на Еурофарм Пелисртер против тимот на Татабања, со што македонскиот претставник си ги зголеми шансите за место во осминафиналето на Лигат Европа.

Тренерот Жељко Бабиќ смета дека играчите биле емотивно и физички испразнети по вчерашниот триумф, но дека покажале карактер и вредност.

„Тешко е да се игра два вака силни натпревари во два дена. Јас сум уморен, а замислете играчите кои играа вчера. Среќен сум за победата, иако лошо го отворивме натпреварот. Се разбудивме на полувремето. Нашиот голман беше главна алка во будењето и го сврте натпреварот. Честитки до сите. Покажавме карактер и на крајот победивме за Томислав. Оваа победа беше тимска и за сите нас, му посакувам брзо заздравување на Кушан“, рече на прес-конференцијата Бабиќ.

Со Кушан, Маџовски и Велковски надвор од стројот, тренерот на Еурофарм Пелистер ќе има уште поголеми проблеми да го состави тимот за следниот натпревар против ГОГ Гудме. Овој дуел се игра во вторник од 20:45 часот во Битола.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723