b_640_480_16777215_00_images_vesti_2021_01_PROZIVKA-EUROFARM-PELISTER_2_8.jpg

Само две недели траеше паузата за ракометарите на Еурофарм Пелистер 2. Најмладиот учесник во плеј-офот на Суперлигата денес им се врати на работните обврски и тренерот Александар Јовиќ прозиваше во спортската сала „Јован Калаузи“ во Битола.

Пелистерци го потврдија играчкиот кадар кој го обезбеди разигрувањето, а се очекува и доведување на едно ново име, на позицијата десен бек. Тимот ќе се подготвува во Битола, а предвидени се и неколку контролни натпревари за брусење на формата пред официјалните натпревари во март. Првите два дуели се против Прилеп, следната сабота на гостински терен и за девет дена во Битола.

Распоредот на Еурофарм Пелистер 2 во плеј-офот:

1. коло: Вардар 1961 - Еурофарм Пелистер 2
2. коло: Еурофарм Пелистер 2 - Пролет
3. коло: Металург - Еурофарм Пелистер 2
4. коло: Струга - Еурофарм Пелистер 2
5. коло: Еурофарм Пелистер 2 - Охрид
6. коло: Еурофарм Пелистер - Еурофарм Пелистер 2
7. коло: Еурофарм Пелистер 2 - Бутел
8. коло: Еурофарм Пелистер 2 - Вардар 1961
9. коло: Пролет - Еурофарм Пелистер 2
10. коло: Еурофарм Пелистер 2 - Металург
11. коло: Еурофарм Пелистер 2 - Струга
12. коло: Охрид - Еурофарм Пелистер 2
13. коло: Еурофарм Пелистер 2 - Еурофарм Пелистер
14. коло: Бутел - Еурофарм Пелистер 2

Целта на оваа млада екипа е што е можно подобро репрезентирање во разигрување и ако се укаже шанса и изненадување против респектабилните противници.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723