b_640_480_16777215_00_images_vesti_2020_12_бабиќ_изјава1.jpg

Ракометарите на Еурофарм Пелистер утре ќе го одиграат првиот меч во новата сезона во СЕХА лигата која ќе има крајно редуциран распоред.

Во салата „Боро Чуревски“ во Битола од 17.45 часот ќе гостува екипата од Србија, Металопластика, која е аутсајдер во групата во која се уште и ППД Загреб (Хрватска) и Татран Прешов (Словачка).Тренерот на Битолчани Жељко Бабиќ, очекува добар меч и освојување на првите бодови во регионалната конкуренција.

„Најбитно е што почнува СЕХА лигата. Толку ни требаа натпревари, посебно за нашите млади ракометари. Ни требаат да имаме натпреварувачки ритам за Европската лига. Сакав да игравме порано, да одигравме повеќе натпревари, но лично се радувам на стартот и очекувам добар натпревар и победа.

Сакам да споменам дека ни доаѓа поранешниот селектор Вуковиќ, сега тренер на Металопластика. Од него учев, заради него и неговата генерација го засакав ракометот. Големо задоволство ми е што ќе го видам и ќе го поздравам. Металопластика има одличен контра напад, две брзи крила, агресивна одбрана 3-2-1 која се трансформира во 6-0. Имаат дефанзивен интензитет и транзиција. Се работи за потентен тим кој сигурно бара одличен пристап и ментален и физички ангажман при секој удар. Имавме одличен настап против Тримо Требње. Играчите се фокусирани и ангажирани и верувам дека и покрај квалитетите на екипата од Шабац, ќе ја повториме партијата од пред две недели“, вели тренерот на Еурофарм Пелистер.

Натпреварот ќе го водат црногорските судии Митровиќ и Вешовиќ, а делегат ќе биде Марјан Начевски.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723