b_640_480_16777215_00_images_vesti_2020_08_охрид_-_еурофарм_пелистер_2.jpg

Еурофарм Пелистер ја запиша и седмата победа во подготовителниот период. Попладнево во Битола без многу проблеми славеше над новиот суперлигаш, Голден Арт КЛ7 со 34-19 (19-10). Прашањето на победникот беше решено уште во првиот дел, во кој битолскиот тим дојде до висока предност. Вториот дел беше само рутина и можност за ротација и промени на тренерот Бабиќ.

Екипата на Еурофарм Пелистер 2 го совлада составот на Охрид во пријателски натпревар во СРЦ „Билјанини Извори“ со 25-30 (12-19). Младите „фармацевти“ ги искористија своите шанси и заслужено се радуваа на победата. Охриѓани само на почетокот имаа водство (1-0), додека понатаму резултатот го контролираше гостинскиот состав. Прва чувствителна предност битолчани имаа во 20-тата минута кога на семафорот стоеше (10-13). До крајот на првиот дел, избраниците на Александар Јовиќ продолжија во исто темпо и обезбедија седум голови предност. Стартот од вториот дел не донесе резултатски промени. Битолчани го зачуваа водството и го издржаа првиот налет на Охрид. Сепак, „гладијаторите“ смогнаа сили и во вториот обид успеаја да стигнат до минус четири (24-20). Гостите ја пребродија кризата, со мини серија дојдоа до +6 и го спроведе натпреварот во мирна завршница. Најпрецизни во Еурофарм Пелистер 2 беа Јован Талески и Дарио Петровски со по седум постигнати голови, а кај охриѓани се истакна Бобан Блажески со 11 голови.

Претходно, Еурофарм Пелистер 2 славеше победи над Струга, Прилеп и Голден Арт КЛ7, додека во групната фаза во Струшкиот турнир беше поразен од Вардар, Охрид и Бутел.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723