b_640_480_16777215_00_images_vesti_2020_08_дјукиц.jpg

Еурофарм Пелистер вторпат го победи Вардар во четири дена. Битолскиот состав по финалето на турнирот во Струга најде начин да го порази актуелниот европски првак и во СЦ „Јане Сандански” со 21-26 (9-10). Вардар настапи без Ловро Јотиќ и Кристијан Дисингер, кои поради повреди се надвор од стројот, а за Еурофарм Пелистер не настапи Кукоски.

Одлично отворање на средбата имаа гостите кои поведоа со 0-5 за осум минути игра. Вардарци полека ја топеа предноста и Талески и Димитриоски намалија на 9-10 и на одмор се замина само со +1 за гостите. Во вториот дел и двајцата тренери многу менуваа, а Пелистер повторно успеа да направи серија и да го врати водството од три гола. На петнаесет минути пред крајот беше 19-16, потоа резултатот гласеше 21-17, па до финишот гостинот ја зачува предноста и слави со 26-21.

Во вториот дел и двајцата тренери ротираа, а Пелистер повторно успеа да направи една серија и да го врати водството од три гола. На петнаесет минути пред крајот беше 19-16, потоа резултатот гласеше 21-17, па до финишот гостинот ја зачува предноста

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723