peric_gepingem_vo_eurofarm.jpg

Битолски Еурофарм Пелистер од денес е побогат за уште еден ракометар. Нов член на клубот е босанскиот интернационалец Јосип Периќ, репрезентативец на својата земја и среден бек со искуство од Бундеслигата. 27-годишниот Периќ доаѓа во Битола од бундеслигашот Гепинген и потпиша двегодишен договор со македонскиот вицешампион.

Периќ е креативен среден бек, висок 180 сантиментри и зад себе има две сезони во најсилната европска лига. Новото засилување на битолчани е изданок на Извиѓач од Љубушки, во својата кариера го носеше дресот на Босна, Татабања, играше во Катар и Романија (Одорхеи и Дунареа), а Гепинген е последниот клуб пред доаѓањето во Македонија.

Периќ е стандарден репрезентативец на Босна и Херцеговина, запиша 39 настапи и постигна 45 гола. Тој е второ засилување на Еурофарм Пелистер оваа сезона, по Марио Танковски, кој пред неколку дена потпиша договор со клубот од Битола.

Јосип Периќ од Германија испрати порака до фановите на Еурофарм Пелистер:

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723