b_640_480_16777215_00_images_vesti_2019_08_еурофарм_второ_мести.jpg

Екипата на Шарт го доби финалето на турнирот во Добој, откако во финалето го совлада Еурофарм Работник дури после изведувањето на пенали. Средбата заврши 22-22 во регуларните 60 минути, а потоа следуваше изведување на пенали во кои Французите беа подобри со 4-3.

Во пенал-рулетот трагичари за битолсиот тим беа Кузманоски и Чурлевски кои не ги реализираа своите удари од седум метри, додека на голот Чаневски успеа да обрани само еден противнички удар.

Најефикасни поединци во тимот на Еурофарм Работник беа Стјепановиќ со шест и Јотиќ со три гола, а кај Шартр се истакнаа Вања Илиќ со седум и Восја Фурлан со четири погодоци.

Идеален тим на 51-от ТВ Турнир на шампионите:

Најдобар голман: Марио Цвитковиќ (Татран Прешов)
Најдобро лево крило: Вања Илиќ (Шартр)
Најдобар лев бек: Оливер Рабек (Татран Прешов)
Најдобар среден бек: Владимир Станковиќ (Слога Добој)
Најдобар десен бек: Невен Стјепановиќ (Еурофарм Работник)
Најдобро десно крило: Мортен Троелсен (Шартр)
Најдобар кружен напаѓач: Јусеф Бен Али (Шартр)
Најдобар стрелец: Владимир Станковиќ (Слога Добој)
Најкорисен играч (МВП): Ловро Јотиќ (Еурофарм Работник)

Битолчани се враќаа од турнирот во БиХ побогати за 7.500 евра.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723