Во контролен натпревар во СЦ „Јане Сандански“, Еурофарм Работник ги одмери силите со Вардар во најсилниот тест пред почетокот на СЕХА лигата и Лигата на шампионите. Вардарци извојуваа победа од 32-30, а шанса добија сите ракометари на Стевче Алушовски.
Вардар - Еурофарм Работник 32-30 (20-13)
Вардар:
Гедбан 1, Кугис, Кизиќ, Гогов, Кристопанс 4, Дибиров 8, Дисингер 3, Скубе 5, Горпишин 2, Чупиќ 5, Пелко 2, Шишкарев, Димитриоски 2, Кукуловски, Карапалевски, Ќосевски, Гашовски
Еурофарм Работник: Чаневски, Митревски, Трајкоски, Јотиќ 2, Маркоски 4, Стјепановиќ 4, Вегар 2, Ѓукиќ 1, М. Петровски 1, Граџан 1, Радовиќ 6, Кузмановски 2, Ојлески, Чурлевски, Д. Петровски, Кукоски, Шевелев 4, Маџовски 1
Попладнево експедицијата на Еурофарм Работник патува за БиХ на „Турнирот на шампионите“ во Добој.