Екипата на АЕК Атина е победник на 47-то издание на ракометниот Струшки турнир, откако во финалето го совлада Еурофарм Работник со 27-23 (13-14). Во второто полувреме АЕК заигра многу подобро, со серија од неколку голови најпрво стигна до 22-18, а потоа го одржуваше водството за конечните 27-23.
Најпрецизни во тимот на Еурофарм Работник беа Невен Стјепановиќ и Елмир Граџан со по шест постигнати голови.
Третото место му припадна на шведскиот тим Гуиф Ескилстуна, кој во малото финале славеше над домаќинот Струга со резултат 28-26. На петтата позиција се пласираше македонскиот суперлигаш Бутел, кој на денешниот дуел триумфираше против Пролетер со 34-29.