b_640_480_16777215_00_images_vesti_2019_08_12.jpg

Еурофарм Работник - Струга 30-20 (16-10)

Еурофарм Работник и АЕК од Атина ќе играат во финалето на 47-то издание на меѓународниот ракометен турнир во Струга.
Одлуката околу победникот на групата 2 падна вечерва на игралиштето „Наумче Мојсовски“, откако Еурофарм Работник го совлада домаќинот Струга со 30-20 (16-10).

Тимот на Алушовски без посериозни проблеми ја одржуваше контролата и со двоцифрена разлика се избори за место во финалето. Најдобри стрелци кај битолчани беа Граџан со седум, Јотиќ со шест и Ојлески со пет погодоци, а во составот на Струга најефикасен беше Јован Талевски со гола.

Во мечот за третото место ќе се борат домаќинот Струга и шведски Гуиф, додека во натпреварот за петтото место ќе се соочат Пролетер и Бутел.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723