b_640_480_16777215_00_images_vesti_2019_06_ehfcup-18-19-rakomet-eurofarm-rabotnik-hanover-24032019-5900.jpg

Македонија и во наредната сезона ќе има две екипи во ракометната Лига на шампиони. Eвропската куќа на ракометот позитивно одговори на барањето на Еурофарм Работник за „вајлд-карта“ и вицешампионот првпат ќе игра во елитата.

Европската ракометна федерација го објави конечниот список на екипи кои ќе настапат во Лигата на шампионите. Вардар како европски шампион ќе биде носител во една од најсилните групи, А или Б, додека Еурофарм ќе настапува во послабите Ц или Д група.

Учесници во Лигата на шампионите:

Групи А и Б

Мешков Брест

Загреб

Алборг

Флензбург

Барселона

ПСЖ

Веспрем

Вардар

Елверум

ВИВЕ Киелце

Порто

Целје

Мотор Запорожје

Кил

Монпелје

ПИК Сегед

Групи Ц и Д

Еурофарм Работник

Кокс

Динамо Букурешт

Чеховски Медведи

Савехоф

Кадетен Шафхаузен

Татран Прешов

ГОГ Гудме

Бидасоа

Висла Плок

Спортинг Лисабон

Кристианстад

Новата сезона во Лигата на шампионите ќе започне на 11 септември.

 

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723