b_640_480_16777215_00_images_vesti_2019_05_eitrr.jpg

Најуспешната сезона во историјата на клубот, Еурофарм Работник ја заокружи со победа над Бутел со 43-30 во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола. Со одлично второ полувреме и шанса за сите пријавени ракометари, битолскиот суперлигаш ги скрши амбициозните бутелци. Во дуел на двете екипи кои следната сезона ќе ја претставуваат Македонија во ЕХФ Купот, двете екипи собраа аплаузи од објективната битолска публика.

Еурофарм Работник - Бутел 43-30 (22-21)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола. Гледачи: 500
Судии: Димитар и Дејан Георгиевски (Скопје)

Еурофарм Работник:
Трајковски 1, Чаневски, Маркоски 2, Д. Петровски 1, Талевски 3, Чурлевски 4, Стјепановиќ 3, Кузмановски 2, Радовиќ 3, Кукоски 1, Крстевски 4, Граџан 7, Ѓукиќ 2, М. Петровски

Седмерци: 5/5
Исклучувања: 4 минути

Бутел:
Панченко, О. Трајковски, М. Трајковски 1, Младеновски 4, Стојановски 1, Ѓоерѓиевски, Божиновски 1, Димовски 2, Лесански, Мојсоски 3, Николов 1, Печенковски 1, Давидовиќ 6, Блажевски, Григориев

Седмерци: 6/4
Исклучувања: 6 минути

Следната сезона Еурофарм Работник ќе ја претставува Македонија во СЕХА лигата и во ЕХФ Купот.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723