Гостите беа рамноправен противник во првите дваесетина минути, потоа Вардар заигра на едно повисоко ниво и на пауза замина со +5 (19-14). На стартот од вториoт дел дојде до израз разликата во квалитет, па избраниците на Парондо брзо се искачија на позитива од десет гола (27-17).
Потоа шанса добија резервистите, Еурофарм сврза неколку гола во серија па го направи поразот поподнослив.
Вардар - Еурофарм Работник 36-29 (19-14)
Спортска сала „Јане Сандански“ - Скопје. Гледачи: 300
Судии: Спаско и Глигор Ќаеви (Скопје)
Вардар:
Милосављев 1, Гебдан, Стоилов 5, Неданоски, Поповски 3, Криспотанс 3, Дисингер, Скубе 4, Калараш, Димчевски, Дибиров 10, Шишкарев, Горбок 4, Шишкарев 1, Војводиќ 2, Кисељев 3, Мишевски, Кизиќ
Седмерци: 4/3
Исклучување: 10 минути
Еурофарм Работник:
Ојлески, Маркоски, Д. Петровски, Пецаковски, Талевски, Чурлевски, Стјепановиќ, Кузмановски, Радовиќ, Кукоски, Остроушко, Граџан, Ѓукиќ, М. Петровски
Седмерци: 5/4
Исклучување: 10 минути
Тимур Дибиров со десет гола беше најефикасен кај Вардар, а во таборот на Еурофарм Работник најефикасен повторно беше Филип Кузмановски, кој постигна осум гола.