b_640_480_16777215_00_images_vesti_2019_05_mak-rakomet-eurofarm-rabotnik-pelister-07042019-1207.jpg

Пелистер - Еурофарм Работник 25-31 (9-16)

Ракометарите на Еурофарм Работник го осигураа најмалку второто место во Суперлигата, откако по трет пат го совладаа Пелистер во битолското дерби. Екипата на Алушовски пак брзо го скрши отпорот и стигна до победа од 25-31.

Со овој триумф остварена е целта зацртана пред почетокот на сезоната, а тоа е пласман во СЕХА лигата.

Најдобри стрелци кај Еурофарм беа Филип Кузмановски со седум голови, а по четири постигнаа Радовиќ, Остроушко и Ојлески. Кај Пелистер се истакна Стефан Дрогришки со четири погодоци. За Еурофарм остануваат уште средби со Вардар и Бутел, а од исходот на натпреварот во вторник меѓу Вардар и Еурофарм ќе зависи кој ќе биде новиот шампион на Македонија во ракомет.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723