b_640_480_16777215_00_images_vesti_2019_05_kup-2019-rakomet-vardar-eurofarm-rabotnik-10.05.2019-polufinale-4832.jpg

Вардар го совлада Еурофарм Работник со 35-30 во второто полуфинале на Купот на Македонија во ракомет, кој денес и утре се игра во Куманово. Битолчани беа рамноправен противник во првото полувреме кога губеа најмногу со два гола разлика, на одморот се замина со 18-16 за црвено-црните. Во вториот дел Вардар го контролираше резултатот и полека се одлепуваше, највисокото водство беше 32:26. Во составот на Вардар по седум гола постигнаа Дибиров, Скубе и Мораес, а најефикасен на натпреварот беше Остроушко со 10 гола.

Вардар - Еурофарм Работник 35-30 (1816)

Спортска сала во Куманово. Гледачи: 1.000
Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје

Вардар:
Милосављев, Кизиќ, Стоилов 2, Недановски, Поповски, Дибиров 7, Шишкарев, Војводиќ 2, Кисељев 1, Мишевски, Ставревски, Кристопанс 4, Мораеш 7, Карачиќ 4, Скубе 7, Каралаш 1

Седмерци: 1/2
Исклучувања: 4 минути

Еурофарм Работник:
Трајкоски, Чаневски 1, Остроушко 10, Граџан 2, Ѓукиќ 1, Ојлески 3, Маркоски 1, Пецаковски, Талевски, Чурлевски 2, Стјепановиќ 3, Кузмановски 5, Радовиќ 1, Кукоски, Крстевски 1, Петровски.

Седмерци: 2/3
Исклучувања: 6 минути

Финалниот натпревар меѓу Вардар и Металург се игра во недела од 20:00 часот.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723