b_640_480_16777215_00_images_vesti_2019_04_еурофарм_-_пролет_9.jpg

Во дуел со две спротивни полувремиња, екипата на Еурофарм Работник го совлада Пролет со 31-19, благодарение на одличниот почеток на вториот дел. Битолчани водени од Ѓукиќ и Кузмановски брзо дојдоа  до двоцифрена предност и лесна победа. Тренерот Алушовски им даде шанса на сите ракометари и скоро сите се запишаа меѓу стрелците.

Еурофарм Работник – Пролет 31-19 (13-9)

Спортска сала „Боро Чурлевски“ - Битола. Гледачи: 500
Судии: Спаско и Глигор Ќаеви
Делегат: Драган Начевски (Скопје)

Еурофарм Работник:
Трајковски, Чаневски 1, Ојлевски 2, Марковски 3, Д. Петровски 3, Пецаковски, Чурлевски, Стјепановиќ, Мемиќ 1, Кузмановски 8, Радовиќ, Кукоски, Остроушко, Граџан 2, Ѓукиќ 6, М. Петровски 1

Седмерци: 3/0
Исклучувања: 10 минути

Пролет:
Кристо, Кимевски, Василевски 4, Аларов, Јовчевски, Даев, Манев 1, Ролевски, Трајковски, Андоновски 2, Џонов 4, Мајнов 1, Дамчевски, Дука, Стојановски 1, Манасков 6, Тотиќ

Седмерци: 7/5
Исклучувања: 12 минути

Во следното коло за време на викендот Еурофарм Работник гостува на теренот на Бутел.

sponzori 2023 2024

За нас

На ден 29.11.2019 во општина Битола беше потпишан договорот ,,ПЛАТФОРМА ЗА РАКОМЕТНА БИТОЛА’’, со што и официјално Битола го доби клубот РК Еурофарм Пелистер.

Договорот го потпишаа претставници на двата клуба и градоначалничката на Битола, Наташа Петровска во просториите на Општина Битола.

Еурофарм Пелистер ќе биде водечкиот клуб со високи европски амбиции, а Еурофарм Пелистер 2 клуб исполнет со млади ракометари и таленти од Битола и цела Македонија.

Прочитај повеќе

Контакт

Адреса: Ул.Добривое Радосављевиќ бр.3
Битола 7000, Република Македонија

E-mail: info@rkeurofarmpelister.mk

icons8 facebook old 48 icons8 instagram 48 iconfinder youtube 834723