РК Еурофарм Работник ја информира јавноста дека спогодбено на негово барање го раскина договорот со тренерот Ѓорѓе Чирковиќ.
Српскиот тренер ја презеде екипата ова лето и за првпат во историјата ја одведе до есенската титула во Суперлигата и до групната фаза на ЕХФ Купот.
Клубот му се заблагодарува на Чирковиќ за професионалноста, односот и стручната работа и му посакува успеси во приватниот и професионалниот живот.
РК Еурофарм Работник наскоро ќе ја информира јавноста за следните чекори и именувањето на новиот тренер.