Татабања успеа да слави во второто коло од групната фаза против Еурофарм Работник со убедиви 31-21, па така битолчани го запишаа вториот пораз во ЕХФ-купот. Натпреварот се одигра пред полна сала и убав ракометен амбиент.
Еурофарм Работник - Татабања 21-31 (11-14)
Еурофарм Работник:
Чаневски, Трајкоски, Ојлески, Маркоски, Талевски, Стјепановиќ 2, Кузмановски 3, Радовиќ, Кукоски, Крстевски 2, Остроушко 9, Граџан 3, Џукиќ 4, Петровски
Татабања:
Секели, Божовиќ 3, Пастор 2, Вујовиќ 5, Јухач 5, Сипош, Рознер, Наџи, Борзаш 2, Бартуч, Иљеш 2, Рошта 6, Григорас 5, Денеш, Врањеш 1
Црвен картон: Никола Маркоски (Еурофарм Работник)
На табелата во групата Б, Нексе има 4 бода, Хановер и Татабања имаат по 2 бода, а без бодови е Еурофарм Работник. Во следното коло македонскиот тим гостува на хрватски Нексе во Нашице.